Филмот „Викај ме со твоето име“ ќе ја отвори неделата на италијански филм

од Vladimir Zorba
472 прегледи

Со проекцијата на филмот „Викај ме со твоето име“ на режисерот Лука Гвадањино започнува неделата на италијански филм. Филмот ќе се прикажува во кино Милениум во 19 часот.

„Викај ме со твоето име“ е хомосексуална љубовна приказна помеѓу тинејџер и млад американски студент, базиран на романот на Андре Акиман. Филмот е забранет за помлади од 16 години.

Неделата на италијански филм од утре до 23 мај ќе се одржува во Кинотека на Македонија, со проекции од 20 часот.

Мотото на филмската ревија, организирана од италијанската амбасада во Македонија, е „Работа: борба за опстанок или самоостварување“.

Влезот е слободен, но потребна е резервација на билети.