Медиумските работници бараат ЕУ да и даде приоритет на слободата на медиумите

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Паралелно со Самитот ЕУ-Западен Балкан, денеска во Софија се одржа конференција за медумската слобода на која е усвоена Софиска декларација со која се бара од ЕУ да и даде приорите на слободата на медиумите во Европа.

Како што соопшти Репортери без граници, учесниците на собирот – медимски работници, претставниците на медимите и невладините организации и пратеници во Европскиот парламент, во Декларацијата предупредуваат на „намалување на моќта и независноста на медиумите, што претставува закана за демократијата“.

Во документот се оценува дека е видлива тенденција на „зголемување на политичкиот притисок и политичката контрола над медимите“ во голем број земји од Централна и Источна Европа, пред се во Бугарија, Полска, Словачка, Србија, Унгарија и Чешка.

На конференцијата стана збор и за одржливоста на деловните модели на медиумите и за предизвиците на дигиталната трансфорамција на традиционалните медиуми.