Најновото филмско остварување на Ларс фон Трир „Куќата што ја изгради Џек“, не беше автоматски прифатен од публиката на 71.Кански филмски фестивал. Ваквата реакција е очекувана ако се земе во предвид естетиката на Трир, која бара филмофилски „желудник“ и поинаква перцепција на визуелното доживување. Критиките за филмот не се во насока на филмската техника, режисерската имагинација, туку експлицитноста на сцените, која е омилена филмска формула на Трир. Филмот портретира сериски убиец, па Трир не штедел на перцептивните предизвици, туку напротив го внесува гледачот во психологијата на Џек и чинот на злочинот.

„Многу е важно да не сте обожавани од секого, ако сте, тогаш не сте успешни. Не сум сигурен дека публиката го мразеше филмот доволно. Ако стане многу популарен, тогаш имам проблем. Од она што се случи мислам дека беше дбро“, рече Трир за Гардијан.