Официјалните медиуми во Куба рекоа дека петмина загинати патници во авионската несреќа биле странци, а останатите биле кубански граѓани, соопшти АП.

Според информациите на авионот, имало 110 лица. На внатрешен лет # CU972 до југоисточниот кубански град Олгин имало 104 патници и шест од екипаж од Мексико.
Комунистичкиот весник “Грама” не ја споменува националноста на петте мртви патници. Министерството за надворешни работи на Аргентина информира дека двајца од загинатите се аргентински граѓани.
Според дисеминираните информации, само три лица преживеале.
Несреќата се случила во близина на автопатот и училиште во населбата Бојерос во Хавана , што е веднаш до аеродромот Хозе Марти. Авионот паднал кратко време по полетувањето . Летот до Олгин е околу еден час и 20 минути.
Во земјата е прогласена национална жалост.
Боинг 737-201 бил изграден во 1979 година. Кубанската компанија “Кубана де Авијација” го рентала авион од мексиканската чартер компанија “Глобал ер”.