137
Велосипедист е повреден во сообраќајна незгода што вчера во 11:55 часот се случила во Битола. Седумдесет и седумгодишниот велосипедист Ј.К. со тешки телесни повреди е пренесен во Клиничката болница во Битола.
Незгодата се случила на улицата „Партизанска“ меѓу велосипедистот и патничко возило „мерцедес“ со битолски таблички управувано од С.Б. (47). На местото е извршен увид и се работи на расчистување на случајот, информираат во МВР билтенот.