По отворањето на изложбата „Од мој агол“ на 18 мај (петок), во објектот Чифте амам, Националната галерија на Македонија ја најува трибина со наслов „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби во Република Македонија“. Настанот ќе се одржи на 22 мај, со почеток во 18 часот.

„Во Република Македонија досега многу малку се обрнуваше внимание на култоролошките активности на лицата со посебни потреби, а уште помалку на фактот тие директно да се вклучени во создавањето на уметност. Како македонското општество пристапува кон инволвирање во културните збиднувања на оваа категорија граѓани ?
Процесот мора системски да се решава со заедничка соработка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, невладиниот сектор, училиштата, родителите што ќе овозможи квалитетен живот од најрана возраст. Националната галерија на Македонија последниве години дава значителен придонес во подигнување на јавната свест за најранливите категории деца преку организирање на голем број ликовни работилници. Од досегашните искуства ваквите проекти го поткреваат духот и расположението кај сите што е мотив за нас како институција за што поголемо учество во следни проекти.
Оттаму во рамките на проектот „Уметност за сите“ кој е подржан од Холандската амбасада во Републка Македонија, Националната галерија на Македонија ја организира трибината со наслов „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби во Република Македонија“, се вели во соопштенето на НГМ.
На трибината ќе имаат свое обраќање :
Г-ѓа Мила Царовска, Министер за труд и социјална политика
Проф. д-р Арбер Адеми, Заменик Министер за образование и наука
Проф. д-р Дита Старова – Ќерими, Директорка на Националната галерија на Македонија,
Проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет
Проф. М-р Синоличка Трпкова, Факултет за Драмски уметности
Г-дин Денис Јанкуловски, Невладина организација Аутизам МК
Г-ѓа Доменика Кардула, родител
Модератор на трибината е Огнен Јаневски