ТИ: Лазаревски и Костовски номинирани за наградата „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски се номинирани за наградата „Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање“. Апликацијата за наградата која годинава првпат се доделува е поднесена од Транспаренси Интернешнал, а е под покровителство на европскиот парламент.

Во образложението за номинацијата стои дека Лазаревски и Костовски откриле прислушување на 20 илјади политички опоненти на екс-премиерот Груевски што доведе до негова оставка.

Но сега сфаќаат дека обвинетите поранешни началници од 5-тата управа се подобро заштитени од нив, а аболицијата им важи и во Грција каде Грујевски и Бошкоски се пуштени на слобода.

-Забележувате дека некој жестоко се бори за тие луѓе (Горан Грујевски и Никола Бошкоски), да ги спаси, да ги заштити, да им обезбеди логистика. А ние, сме оставени сами, вели Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во УБК, укажувач и номиниран за новопромовираната награда „Дафне Каруана Гализиа“ за Телма ТВ.

-Ние сме тука да дадеме поддршка, но законот предвидува инститиционална заштита за безбедноста на укажувачите. И тука веќе имаме сериозна и правна, и животна, и лична ситуација со која треба да се позанимаваат повеќе институции, рече Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл Македонија, кои независно еден од друг, со новинарите Синиша Станковиќ и со Жанета Скерлев, ги номинираа Лазаревски и Станковиќ за наградата која ќе биде доделена на 29-ти мај во Стразбур.