Незадоволни останаа европратениците од сослушувањето на Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, што се одржа вчера вечерта, соопштија светските информативни агенции. Тоа стана неопходно по скандалот со Кембриџ Аналитика. 

Во својот говор тој ги призна безбедносните грешки, им се извини и вети заштитни мерки. Во исто време, сепак, тој не успеа да го нагласи придонесот на неговата компанија за поврзување на луѓето ширум светот, можностите за бизнис и создавање на нови работни места. Тој, исто така, увери дека Европа е приоритет за неговата компанија.

  Европратениците сепак поставија многу и незгодни за него и прашања по сослушувањето, како тоа едка се платформа за лажните вести, интервенцијата во изборите и други.

Лидерот на ЕПП, Манфред Вебер, отворено посочи на монополската страна на  Фејсбук. Гај Верхофштат од Сојузот на либерали и демократи предложил компанијата да размислат за одвојување на WhatsApp, Instagram и Facebook Messenger.

Ова се случува само неколку дена пред да стапи на сила Европската регулатива за заштита на податоци или БДПР Новиот закон, еден од најсеопфатните светски закони за заштита на податоците, бара од сите компании да споделат како се користат корисничките податоци на интернет и им се нудат на корисниците можност да ги избришат нивните податоци. Компаниите кои не ги исполнуваат условите може да се казнат до 4% од нивниот глобален приход.