Почнаа подготовките за манифестацијата „Антево перо“

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, почна со подготовките на планираните активности.

Тие  вклучуваат распишување отворен конкурс за необјавена поетска книга за автори кои творат на македонски јазик, нејзино издавање и промоција со неколку редовни читања во спомен-собата на Анте Поповски во Општина Ѓорче Петров и во родното место на авторот, Лазарополе, која треба да се реализира кон крајот на септември.

Наскоро ќе бидат соопштени условите за учество на конкурсот, а пристигнатите авторски дела ќе бидат разгледувани од петчлена комисија, во состав: Венко Андоновски, Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски.

Манифестацијата е поддржана со програмата за 2018 година на Министерството за култура./МИА