Научниците објаснија како Мајкл Џексон го изведе легендарниот потег

од desk2
181 прегледи

 

Научниците ја открија тајната на не така лесниот трик од познатиот спот “Smooth Criminal” на Мајкл Џексон.

Познатото наведнување на пејачот под агол од 45 степени многумина се обидоа да го објаснат на различни начини. Со магнети во чевлите или јажиња кои ко држат се само некои од нив.

Сепак, неврохирурзи тврдат дека поп легендата можела да го постигне невозмоното и да изведе биомеханички невозможен потег.

Во спотот од 1987 година, Џекосн се наведнува напред од глуждовите, додека цело време телото го одржува право, како стап.

https://twitter.com/NutmegRadio/status/998953228917190656

Илузијата многумина се обидоа да ја имитираат (најчесто неуспешно), а на пејачот тоа му успеало благодарение на посебни чевли и неговата сила.

Стручњаците ги предупредуваат другите да не се обидуваат овој потег да го направат дома, за да не се повредат.

„Повеќето истренирани танчери со добра сила на средниот дел од телото може да се наведнат за 20 или 30 степени, но Мајкл тоа го направи за 45 степени и така оствари нешто неверојатно“, вели Мањул Трипати, кој со колегите од институтот за медицинска едукација и истражување во Чандигар, Индија работеше на истражувањето.

За некој да го изведе познатиот потег, треба да знае дека тоа е посебна положба и дека треба сила за заземање на таа положба, за што не се оптоваруваат грбните мускули, туку Ахиловата тетива.

https://twitter.com/BrentPHL/status/999081807550337024

Со тоа наведнувањето е ограничено, и во случај на слични атлетски можности како Кралот на попот.

Дополнителните степени и флексибилност нему му ги овозможија посебни чевли. Прорез во облик на букбата V на дното од чевлите е таа која овозможува телото цвсто да стои на земја и да овозможи наведнување напред, заради тежината кои и се спротивставува на гравитацијата.