Робот „ангажиран“ како помошник-негувател во Германија

од desk2
192 прегледи

Германија со години се соочува со хроничен недостиг од негуватели на повозрасни лица, проблем кој не може да се реши само со привлекување на работна сила од странство.


Поради тоа, како што јави Дојче Веле, веќе неколку години Германскиот центар за воздушна и вселенска пловидба (ДЛР) во соработка со хуманитарната организација Каритас работи на производство на роботски системи, кои би биле ангажирани за нега на повозрасните лица.

Еден од тие машини е роботот наречен Едан, кој ќе ја има улогата на помошник-негувател и ќе биде ангажиран за помагање при грижата за повозрасни лица.