Заедничка изјава на премиерот Зоран Заев и премиерот на Бугарија Бојко Борисов по повод Св. Кирил и Методиј од Санта Марија Маџоре во Рим.

Премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев и нивните делегации одадоа почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во црквата „Санта Марија Маџоре“ во Рим. Тука во 867 г. папата Адриан II ја осветува славјанската писменост и славјанските книги.
Бојко Борисов и Зоран Заев го истакнаа значењето на делото на Св. Кирил и Методиј, кој придонесоа за духовноста, просветата и обединувањето на словенските народи.
Бугарскиот премиер ја истакна улогата на Светите браќа во областа на дипломатијата во овој историски момент. Премиерот Зоран Заев изјави дека на денешниот празник, кој се одбележува заедно од двете делегации, се потврди вистинското пријателство меѓу Бугарија и Република Македонија.
– Со заедничките активности за одбележување светите браќа Кирил и Методиј, ние го потврдуваме нашето искрено пријателство и заедно до целиот свет ја испраќаме хуманата порака на мисијата на Свети Кирил и Методиј, а тоа е порака за дијалог и меѓусебно разбирање, нагласи Заев.
Премиерот Борисов рече дека заедничкото учество во активностите за оддавање на чест на Свети Кирил со владиците од Македонската и Бугарската православна црква ја потврдува заедничката определба за пријателство и добрососедство меѓу двете земји, и дека споделувањето и меѓусебната почит кон историските настани и ликови, го градат патот на иднината меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
– Наместо овие празници да прават раздор меѓу двата народи, може да не зближуваат, заклучува премиерот Борисов.