Опозицијата го предизвика Рахој, ќе се гласа ли за недоверба на владата?

од desk2
135 прегледи

 

Шпанската социјалистичка опозиција ја предизвика владата на премиерот Маријано Рахој барајќи да се гласа за недоверба.

Имено, судиите од шпанскиот суд вчера заклучија дека владејачката Народна партија остварувала профит со шема за земање мито во замена за договори.

Портпаролката на партијата, која не е именувана, потврди дека таа одлука е донесена, еден ден откако Националниот суд осуди 29 бизнисмени и функционери на Народната партија за измама, затајување данок и перење пари.

Судиите изрекоа казни во вкупно траење од 351 година и ја казнија конзервативната Народна партија за 245.000 евра.

Предизвикот на социјалистите значи дека партијата Граѓани, која се залага за претприемаштво, а која до сега ја поддржуваше малцинската влада на премиерот во парламентот, ќе мора да се одлучи дали ќе го поддржи гласањето недоверба, пишува АП.

Од друга страна партијата Подемос, која е настроена против естаблишментот, веќе најави дека ќе гласа против Рахој.