Расте бројот на заболени од рак на кожа

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Само годинава регистрирани се 480 пациенти со најопасниот и најсмртоносен тип на рак на кожа – малиген меланом. Овој тип на карицином најчесто ги напаѓа младите до 30-тата година, велат лекарите, пишува 24вести.

Најмладиот пациент кој починал лани имал само 23 години. Доколку се дијагностицира во ран стадиум шансите за излекување се и до 90 отсто. Затоа лекарите апелираат и при најмала промена на кожата и бемките да се отиде на лекар.

„Многу често кај пациентите постои мислење дека ако има промена, има време. Но, тоа е губење на време. Секој изгубен ден ни одзема време за третманот. За секоја промена мора да се направи консултација со стручно лице. “ – вели д-р Софија Пејкова – пластичен хирург.