Снуден: Трамп најмногу го сака Путин

од desk4
240 прегледи

   Во своето обраќање преку видео линк од Москва, поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден порача  дека претседателот на САД, Доналд Трамп, никого на светот не сака повеќе од рускиот претседател Владимир Путин.

„Хафингтон пост” пишува дека Трамп е голем обожавател на Путин, а Сноуден смета оти Американците не треба да очекуваат дека  специјалниот обвинител Роберт Малер, кој истражува можно руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, ќе го „разоткрие” Трамп дека соработува со Кремљ.

Не постои никој во светот, кој Трамп повеќе го сака од рускиот претседател. Мислам дека луѓето премногу бараат кога се надеваат дека истрагата на Малер ќе открие нешто за Трамп, вели Сноуден, додавајќи дека светот така не функционира и оти животот не е толку едноставен, пренесува „Хафингтон пост”.

Сноуден, исто така, верува дека Трамп не е тип на човек, кој Путин може да го искористи.

– Да бидам искрен, секој кој го слушнал Трамп како зборува три минути, знае дека тој е „урнатина“. Човекот не може да сети што сакал да каже на крајот на реченицата, вели Сноуден.

Сноуден, меѓу другото, говори и дека верува оти светот може да биде подобар.