Министерот за внатрешни работи на Австрија, Херберт Кикл најавува дека неговата земја, во случај на потреба, ќе ги направи границите „непропусливи“.

Во изјава за агенцијата АПА; Кукл наведува дека се воспостуавува единица на граничната и полиција за странци, кои ќе можат да реагираат итно и да ги направат границите „непропусни“ за илегална миграција.
Таа единица ќе биде подготвена во јуни, а Кикл со тоа реагира на новите податоци за порастот на илегалната миграција на балканската рута.
Министерот нагласи дека не смее да да се случи 2015 и 2016, кога земјата беше соочена со несоладлив бран на бегалци.
„За тоа ги правиме сите подготовки“, порача тој.
Доколку постоечките можности за гранична контрола не се доволни, границите че се направат непропусни за бегалци, најавува Кикл, додавајќи дека ситуацијата се анализира секој ден.
Брзото делување очекува министерот од новата единица на граничната и полицијата за странци, која се наоѓа во фаза на воспоставување.
Таа ќе брои меѓу 500 и 600 луше, кои ќе можат во секој момент да делуваат со цел затворање на границата за илегални мигранти.
Исто така, како што истакнува Кикл, постои и одговарачка опрема, како што се контејнери, опрема за обезбедување на границата и мобилни огради.
„НИе се подготвени да застанеме на нашите граници“, порача министерот. Тој рече дека движењето на мигрантите детално се следи и дека границите, ако биде потребно, ќе се затворат и тоа „навистина ќе се затворат“.
Најави дека по телефон ќе ги контактира своите колеги долж рутата од Грција до Словенија.
„Ние ќе им соопштиме дека Австрија, во случај да биде потребно ќе ги направи границите непропусни“, најави министерот.
Кикл сака да го сопре можниот нов бегалски бран на почеток.
Цивилно-воениот акционен план за заштита на границите кој е усвоен минатата година, сега ќе биде активиран.
Исто така, како што најави, на 6 јуни од Австрија иницираниот Салзбуршки форум на ниво на генерални директори ќе одржат состанок со претставниците на државите од Балканот, а до средината на месецот планиран е состанок на министрите за платформата во Букурешт.