Беа потребни седум години, но пресудата конечно е донесена. Во неа се вели дека Samsung мора на Apple да му исплати 539 милиони долари отштета затоа што неколкуапти ги повредиле нивните патенти.

Имено, Samsung патетнти и иновации од Apple и ги вградил во своите телефони. Samsung нудеше отштета од 28 милиони долари, а Apple бараше милијарда, па судот се одлучи за златна средина и отштетата изнесува точно 533.316.606 долари за повреда на три дизајнерски патенти и отштета од 5.325.050 за два иновативни аптенти. Интересно е што судот по жалбата донесе одлука за значително поголема сума.
Целиот проблем настана по расправата кој ги измислил паметните телефони со правоаголен облик заоблени на краевите. Apple смета дека тие се автори на овој концепт, а Samsung тврди дека такво нешто не може да се патентира.Факт е дека iPhone 3GS и Galaxy S се речиси идентични, но тешко е да се измисли друг облик на паметните телефони, сите изгледаат речиси исто.
Двете компании издадоа соопштение по пресудата, па во она на Apple се вели дека се презадоволни од пресудата, а Samsung стравува за ограничување на креативната енергија.