Еве рецепт за една вкусна торта што е готова за 20 минути, а е многу вкусна.

Состојки:
7,5 дл млеко
3 пудинга од ванила
350гр шеќер
1 путер
300 гр бисквити
300 гр мелени ореви/лешници/кокос
4-5 банани
500 мл крем за шлаг
Подготовка:
Измешајте ги пудинзите со шеќерот и сварете ги во млекото. Откако ќе се изладат додадете го путерот и искршените бисквити. Додадете ги и бананите исецкани на парчиња и по избор 300гр ореви/лешници или кокос. Состојките добро измешајте ги.
Ставете ги на подлога и формирајте облик. Украсете ја тортата со шлаг.