Украинскиот премиер Владимир Гројсман ја обвини Русија дека стои зад убиството на рускиот новинар во Киев. Лавров вели дека обвинувањата се дел од антируската кампања.

„Уверен сум дека тоталитарниот режим во Русија не прости искрен и принципиелен став“, напиша на својот фејсбук профил украинскиот премиер за убиениот руски новинар Аркадиј Бабченко.
BBC потсетува дека 41 годишниот новинар, инаку познат како остар критичар на Кремљ, застрелан е во вторник навечер пред влезот во својата зграда. Неговата сопруга го пронашла во вирче крв. Во него се испукани неколку куршуми од грб.
Украинскиот обвинител рече дека Бабченко излегол вечерта да купи леб, а убиецот го чекал. Шефот на киевската полиција Андриј Кришченко изјави дека се сомнева дека Бабченко е убиен поради своите професионални активности.
„Уверен сум дека тоталитарниот режим во Русија не прости искрен и принципиелен став. Беше искрен пријател на украина кој на светот му ја кажа вистината за руската агресија во украина“, појасни премиерот на фејсбук.
Додаде дека убиецот треба да биде казнет.
А што велат во Москва? Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли обвиненијата на украинскиот премиер нарекувајќи ги антируска кампања. Додаде дека истрагата по повод убиството на Бабченкко не е ни покрената, а Украина веќе ја обвинува русија, пренесе Тасс.
Место обвиненија русија бара истрага, а има и контраобвиненија: Крвавите злосторства и тоталната неказнивост станаа рутина во киевскиот режим, став е на министерството за надворешни работи.
Ова е уште еден од низата сомнителни смртни случаи на државјани на русија, кои се сметани за критичари на Кремљ. Последниот таков случај се однесуваше на труењето на поранешниот двоен агент, Русинот Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, во велика Британија, што доведе до заострување на односите на западните земји и Русија и протерување на амбасадорите од двете страни.