Полска понуди 2 милијарди долари за изградба на американски воени бази, тоа ги разбесна Европјаните

од desk2
93 прегледи

 

Понудата на Полска со 2 милијарди долари да финансира изградба на постојани американски воени бази во својата земја ги разбесна Европјаните.

Како што наведува Политико, тоа ја покажало длабочината на поделбата на државите на истокот на Европа и они подалеку на европскиот запад.

Поддршка од Литванија

Зголеменото американско присуство во нашиот регион значително би ја зајакнало позицијата и силата на НАТО во спроведување на стратегијата за одвраќање и одбрана. Затоа овој гест многу значи з безбедносните интереси на Литванија, објави министерот за одбрана на таа земја Раимундас Каробилис.

Кремљ реагираше очекувано, но не толку огорчено.

„Генерално, кога ја набљудуваме постепената експанзија на воените структури на НАТО кон нашата граница, близината на тие позиции со границата на русија, секако дека придонесува за безбедноста и стабилноста на континентот, вели портпаролот на претседателот Владимир Путин.

Додаде дека Полска има право на своја територија да повика кого сака и како сака, но дека последиците мора да се имаат на ум.

Средба со Трамп

Варшава се труди да има се подобри односи со Вашингтон. Анџеј Дуда, претседателот на полска, неодамна имаше средба со американскиот колега Доналд трамп. Тој лани ја посети Полска и разговараше за можностите за економска соработка. Полска потпиша договор за снабдување со американски течен гас, а подготвнеи се уште неколку договори чија вредност се проценува на десетици милијарди долари.

Полска е една од се на се петте држави на НАТО кои издвојуваат повеќе од 2 отсто од бруто домашниот производ за трошоци на одбраната.

Официјалните лица на НАТО не сакаа да зборуваат за полската понуда за САД, но во неофицијалне разговор велат дека се противат на таа намера плашејќи се за состојбата на безбедноста во Европа.