Лабрадор се окучи на аеродром во Флорида

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Лабрадор се окучи непосредно по качувањето на патниците во авионот на меѓународниот аеродром во Тампа, Флорида. Двегодишното куче водич Елеонора, позната како Ели, требало со сопствениците да патува за Филаделфија, но целото семејство морало да го пропушти летот.

Медицинскиот тим на аеродромот и помогнал на Ели да се окучи, а таа и нејзиниот партнер, кучето Нагет, сега се родители на седум машки и едно женско кученце.

Како што наведува Би-Би-Си, сопствениците на Ели знаеле дека таа чека кученца, но не можеле да претпостават дека тоа ќе се случи токму на аеродромот.

Ели е службено куче обучено да им помага на луѓе со инвалидитет.

Портпаролот на аеродромот за локалните медиуми соопшти дека сопствениците на Ели, мајка и ќерка, веќе биле качени во авионот кога таа почнала да се окучува./МИА