Кардашијан се сретна со Трамп

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Старлетата Ким Кардашијан Вест се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Тие разговарале за затворските реформи и казни.  Таа се сретнала и со советникот Џаред Кушнер.

„Одлична средба со Ким Кардашијан Вест“ објави на Твитер претседателот Доналд Трамп.

Посетата на Кардашијан е поврзана со подршката на Алис Мери Џонсон,  осудена на доживотна казна затвор  под обвиненија за конспирации поврзани со дрогата. Таа беше уапсена во 1993-тата година. Мери до сега се извини во јавноста за инволвираноста со луѓе  поврзани  со дрога и бара втора шанса од државата. Нејзиното ослободување го бараат и над 600 илјади граѓани кои имаат потпишано петиција, а меѓу нив и Кардашијан која изјави дека Мери заслужува втора шанса во животот.