Современата уметност останува современа

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Уметноста во 20 век е експанзија на нови идеи, стилови и пробивање на традиционалните вредности во сликарството, скулптурата, но и филмот. Според веб сајтот „Нај10“ е направена листа за највлијателните уметници, кои денеска инспирираат плејада млади автори.

-Пит Мондријан, холандскиот иноватор на стилскиот израз и геометриската интерпретација. Се смета за претставник на повеќе правци од 20 век вклучуваќи го експресионизмот, фовизмот но и како предводник на неопластицизмот.

-Марк Ротко, американскиот експресионист се најде на листата највлијателни уметници.Неговите дела на аукциските куќи достигнуваат 87  милиони долари.

-Британскиот уметник Демијан Хрст се најде на листата. Тој пред две години имаше изложба во Музејот на современа уметност во Скопје. Овој современ автор создава иновациски пристап во скулптурата, но се занимава и со мултимедија.

На лситата се најдоа и добро познатите уметници кои го запечатија авангардниот пристап во визуелниот израз. Во првите пет се Салвадор Дали, Пикасо, Енди Ворхол, Клод Моне и Џексон Полок./ В.К