Ветувања кон граѓаните дадени од партиите и градоначалниците на локалните избори од 15 октомври 2017 година и избор на ветувања на партиите дадени на парламентарните избори од 11 декември 2016 година се дел од новата апликација која ги мери остварувањата на акутелните функционери во Македонија.

Дел од овие ветувања се веќе оценети, некои допрва ќе се оценуваат, а нови ветувања допрва ќе бидат вклучени во оваа база.
Апликацијата овозможува пребарување кои ветувања ги има дадено градоначалникот во општината и кои ветувања ги има дадено централната власт со оние клучни зборови кои се интересни за корисникот.
Проектот е изработен од страна на Метаморфозис, а апликацијата може да се симне од следниот линк.