

Во почетокот на 90-те години на минатиот век Тозија работел за Јадран филм, кога решил да го продаде својот стан во Загреб на улица Зеленгај 67.
Според изјавите на купувачите на станот, сценариото на оваа измама филмувано изгледа отприлика вака:
Актуелниот директор на Агенцијата за филм за МКД.мк вели дека тоа се случило многу одамна и дека станот го продал преку агенција за недвижности.
Горјан Тозија„Што направи таа агенција, јас навистина не знам. Jaс ја напуштив Хрватска во 1992 година. Не сум државјанин на Хрватска, ниту пак знам за што ме обвинуваат. Во виорот на војната многу луѓе, нехрватски државјани беа обвинувани за сѐ и сешто. Малку ми е нејасно дека некој може за нешто да ме обвинува 26 години потоа. Во 2005 година, за мои потреби, извадив потврди дека против мене на територијата на Република Хрватска не се води никаква судска постапка. Можеби сето ова е дел од пропагандната машинерија и скапо платените ПР-експерти на Винко Грубишиќ, со кој Агенцијата за филм на Македонија и јас имаме спор за неснимената ТВ серија „Македонија“ пред судовите во Македонија. Целта е да се покрие криминалот. Но ајде да видиме“, вели Тозија.
Јаковљевиќ најавува дека повторно ќе дојде во Скопје и се надева дека Тозија ќе го направи она што му го ветува веќе со години, дека ќе му ги врати парите. Во спротивно, вели дека ќе отвори нов судски спор.