Насловната на „Вог“ ги разлути активистките во Саудиска Арабија

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Јунскиот број на „Вог“ на чија насловна страна е принцеза Хаифа Абдулах направи скандал во Саудиска  Арабија. Принцезата е гламурозно сликана во црвена луксузна кола, а со тоа ги разлути активистките кои неодамна се бореа за правото на возачка дозвола. Тие сметаат дека принцезата никогаш не била активист, додека тие завршувале во затвор, пишува СиЕнЕн.