Сончево со умерена облачност, попладне пороен дожд и грмежи

од desk4
101 прегледи

   Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 26 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

За  време на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град. Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица, особено во вторник.