Арифи: Годинава се формира војската на Косово и се укинуваат визите

од desk4
82 прегледи

  Шефот на кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и главен преговарач во техничкиот дијалог со Србија, Авни Арифи, е убеден дека годинава   Косово ќе ја формира својата војска и дека граѓаните ќе можат да патуваат во Европа без визи, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Арифи на својот профил на Фејсбук напиша и дека годинава Косово ќе стане членка на Интерпол и дека ќе се корегира границата со Црна Гора.

– Годинава граѓаните на Косово ќе патуваат без визи во ЕУ; Годинава Косово ќе ја формира својата војска; Годинава Косово ќе стане најновата членка на Интерпол; Годинава ќе се корегира границата со Црна Гора; Оваа и идните години се години на Косово. Нема да се запре Косово на патот на развојот и прогресот, порача Арифи.