Space X лансираше еден од најголемите сателити во Земјината орбита

од desk2
92 прегледи

Само две недели откако лансираше неколку мали сателити во орбитата, Space X синоќа неколку часа по полноќ го испрати во вселената еден од најголемите сателити кои орбитираат околу Земјата, SES-12, комуникациски сателит кој треба да обезбеди подобар интернет.

Американската вселенска компанија го лансираше новиот сателит од добро познатата база во Кејп Канаверал на Флорида.

Од Space X рекоа дека ова е еден од најголемите сателити кои некогаш ги лансирале во вселената, а тој би требало да ја подобри конекцијата во деловите од светот каде набрзо ќе биде потребен побрз интернет. Како што пренесуваат светските медиуми, побрз интернет би требало да добијат жителите на Азија, Пацификот и Блискиот исток.

„Успешно беше извршено лансирањето на SES-12 сателитот во Земјината орбита“, пишуваше на официјалниот Twitter профил на Space X.

Лансирањето на SES-12 првично беше закажано за 31 мај, но потоа беше одложено поради дополнителни тестирања кои мораа да бидат извршени.