Путин: Не пробуваме да ја поделиме Европа

од desk2
186 прегледи

Русија загуби голем дел од поддршката низ Европа откако се случи труењето на нивниот поранешен шпион, Сергеј Скрипал. Сега, во обид да ја врати поддршката и довербата, претседателот Владимир Путин вели дека и Русија се бори за обединета Европа.

Рускиот претседател утре треба да пристигне во Австрија, каде има закажано средба со претседателот Александер Ван дер Белен и канцеларот Себастијан Курц.

„Русија е заинтересирана за обединета Европа и не пробува да ја подели. Немаме намери да предизвикаме поделби во ЕУ, туку напротив, заинтересирани сме за напредок на Унијата бидејќи таа е нашиот најважен економски и трговски партнер“, вели Путин пред заминувањето за Австрија.

Од Кремљ беше соопштено дека Владимир Путин на 5 јуни ќе допатува во Австрија, а таму ќе се сретне со австрискиот државен врв.

Се очекува двете страни ќе дискутираат околу актуелните државни работи и руско- австриските односи во разни области, како и дека ќе разменат мислења за клучните глобални прашања.

Владимир Путин би требало да се сретне и со бизнисмени од двете земји поради дискусијата поврзана со взаемно корисната трговија и соработка, посебно во врска со испораката на гас.