Ѓукановиќ ги отфрли обвинувањата дека кокетира со Русија

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Претседателот на Црна Гора за време на неговата прва официјална посета на седиштето на НАТО во Брисел по неговиот реизбор изјави дека позицијата на Подгорица кон Русија е јасна и недвосмислена.

-Нема вртење кон Русија, тоа е тенденциозна шпекулација во однос на државната политика, изјави Ѓукановиќ на пресот со генералниот секретар на НАТО.

-Загрозувањето на интегритетот на Украина и други постапки како што видовме во Црна Гора за време на изборниот процес во 2016 се неприфатливи и треба да се осудат. Му припаѓаме на европскиот систем на вредности и ќе го браниме тој систем. Повик да излеземе од атмосферата на меѓусебно казнување поради реалноста. Русија е наш сосед, а ние мораме да научиме да живееме со разлики кои нема да не загрозуваат, изјави црногорскиот претседател.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека дијалогот е особено важен во критичните мигови.

-Русија е тука да остане и ние не целиме кон изолација на Русија, сакаме подобри односи со Русија, важно е да имаме дијалог, и кога има недорзабирања или инциденти да се осигураме дека нема да излезат од контрола. Кога односите се тешки особено е важно да имаме дијалог со Русија, тоа и го слушнав од Црна Гора, тие бараат подобар однос со Русија и се јасни дека треба да се штитиме меѓусебно, изјави Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање.