Наближува фестивалот „Скопје синема сити“

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Петнаесет филмови од најразлични продукции ќе бидат прикажани на четвртиот Фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, што од 6 до 10 јуни ќе се одржи во Кинотека на Македонија.

Официјалната програма ќе биде отворена со прикажувањето на „Кода“ на Стивен Номура Шибле, филмот посветен на култниот јапонски композитор и пијанист Руичи Сакамото, а во пресрет на овој чин ќе биде отворена фотоизложбата „Македонска џез-тетика“ на Татјана Ранташа и ќе настапи ГОЦЕ СТЕФКОВСКИ КВИНТЕТ./РСЕ