Ролат од банани и бисквити

од desk2
195 прегледи

Вкусен и едноставен ролат од банани и бисквити.

Состојки:

125 грама маргарин

100 грама шеќер во прав

300 грама мелени бисквити

100 грама мелени ореви

100 грама чоколада за готвење

100 мл газиран сок од портокал

2 банани

1 кесичка шлаг пена

Подготовка:

Со миксер изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, додадете ги мелените бисквити, мелените ореви и чоколадта за готвење. Додадете го сокот од портокал и замесете ја смесата.

Врз фолија на работната маса распоредете ја смесата со дебелина од два сантиметри и ставете ги бананите.

Смесата завиткајте ја во ролат, оставете ја да се излади и потоа ролатот исечете го на парчиња. Ролатот декорирајте го со шлаг пена .