САД бара од членките на НАТО да ги подготват армиите за борба против Русија

од desk2
124 прегледи

Администрацијата на Трамп сака членките на НАТО да ги зајакнат своите одбранбени способности, за да се подготват за евентуален напад на Русија, пренесуваат светските медиуми.

Американскиот министер за одбрана Џим Матис оваа недела треба да одржи состанок со сојузниците на НАТО, за да дискутираат околу начините на кои неколку европски држави треба да се подготват за битка со Русија, која вклучува подготовка за воздушни и поморски сили.

И покрај пријателската реторика на Трамп кон Русија, планот за состанокот покажува дека неговата администрација ја смета Москва за сериозна закана.

На состанокот одржан минатата недела американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на унгарскиот министер за надворешни работи, му кажа дека овие држави мора да работат против „злобното руско влијание во Европа“.

Подготовка на војските

Кон почетокот на минатиот месец американска воена морнарница најави дека ќе испрати флота во северно Атлантскиот океан, „за да се бори против руските цели“, а членките на НАТО почнаа со вежби за одбрана против морнарнички и сајбер напади.

https://www.youtube.com/watch?v=0N7Xs69aw5A

Извори за „Reuters“ пренесуваат дека Матис ќе го поттикне НАТО тие да започнат со подготовка на 30 копнени единици, 30 ловци на ескадрили, како и 30 воени бродови, за борба против Русија во рок од 30 дена.