Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Сихофер, објави дека еден човек  извршил убиството на 14-годишно девојче во Мајнц, а за тоа  бил уапсен во Ирак . Се верува дека осомничениот избегал од Германија минатата недела.

Говорејќи по конференција на министрите за внатрешни работи на германските федерални провинции, Сихофер посочи дека Али Б., 20-годишен Ирачанец , осомничен за убиството на девојката, бил уапсен во северен Ирак .

Сихофер додаде дека германското Министерство за надворешни работи поднел  барање за екстрадиција на осомничениот.

Предметниот Ирачанец кој  аплицирал за азил и чија молба за заштита во Германија била отфрлена ,  избегал од Германија за Ирак преку Турција заедно со 8-членото  семејство. За негово апсење е издаден меѓународен налог.

 На Али Б. му беше одбиено неговото право на азил, но му беше дозволено да остане во бегалски центар додека не се обжали одлуката за неговиот случај.

Телото на девојката, идентификувано во медиумите само како Сузана, било откриено во средата во близина на бегалски центар во Визбаден, каде живеел иракчанецот  Аутопсијата покажа дека е жртва на сексуален напад .

Младата   жртва  шокираше многумина Германци . Исто така беа поставени прашања за тоа зошто полицајците одговорни за случајот, им требало толку време за да го најдат телото  и како осомничениот и неговото семејство успеале да ја напуштат Германија со документи и авионски билети издадени на различни имиња.

Случајот создаде голем политички скандал. Претходно денеска, антиимигрантските партија “Алтернатива за Германија” се обиде да одржи импровизирано минута молчење за Сузана во Бундестагот (германскиот парламент). Овој потег беше осуден од другите партии како обид за инструментализирање на човечка трагедија .