Кои држави се најдобри за живот?

од desk2
71 прегледи

Сигурно во некој момент сте сонувале да се преселите во друга држава или дури и на друг континент. Додека почнувањето од ново, од нула звучи гламурозно и возбудливо, многу фактори треба да се разгледаат пред да се впуштите во таква авантура. Меѓу побитните сигурно е колку е длабок вашиот џеб и квалитетот на живот што го нуди новата земја за тие пари, пишува Poslovni Puls.

Веб страницата InterNations неодамна го објави извештајот во кој се вклучени мислења и впечатоци на повеќе од 12.500 луѓе од различни националности кои живеат во туѓа земја. Резултатите можеби ќе ви помогнат при носењето одлука за преселување.

Бахреин е најдобра земја за живот според вкупната оценка. Според истражувањето, Бахреин годинава подобри многу фактори кои ги опфаќа студијата како што треба да се преземе за новодоселениците да се чувствуваат добредојдени, колку се задоволни со своите кариери и колку земјата е поволна за одгlедување семејство. Речиси третина од испитаниците кои живеат во Бахреин изјавиле дека очекуваат таму да останат повеќе од 5 години, додека 11% размислуваат да останат трајно. Костарика и Мексико се веднаш зад Бахреин според вкупната оценка


Кога станува збор за квалитетот на живот, на прво место е Португалија. Ова рангирање зеде предвид колку доселениците се задоволни од животот во поглед на достапноста на транспорт и можноста за патување, здравјето и безбедноста. Луѓето кои се доселиле во Португалиjа велат дека земјата е најдобра поради климата, пристапната здравствена заштита и комоцијата која им ја oвозможува на своите жители. На второ место се наоѓа Тајван.

Според цените, лидер на листата е Виетнам. Во истражувањето се земени предвид два фактори: личните финансии и дали тие финансии се доволни за да се покријат трошоците и вкупниот трошок за живот. Виетнам се најде на првото место поради тоа што има најдобри услови за живот во согласноост со паричната ситуација на доселениците: 93% од испитаниците изјавилe дека заработуваат доволно или дури и повеќе од доволно за да ги покријат трошоците за живот, што е многу повеќе од глобалниот просек кој изнесува 77%. Виетнам се наоѓа на прво место и според работата и задоволството од кариерата.

Најдобро место за работа во странство е Чешка. Доселениците кои работат во Република Чешка изјавиле дека се среќни со својата работа, со работното време и со сигурноста на работата. Интересно е тоа што во Чешка е забележан и поголем процент самовработени професионалци отколку во голем дел од другите делови од светот. На второ место се наоѓа Нов Зеланд.

Најдобра земја за одгледување семејство е Финска. Финска е сигурен победник поради одличниот образовен систен, рекреативните можности за децата и достапната грижа за децата. Еден од испитаниците дури ја пофалил земјата како едно од најдобрите места на светот за одгледување деца.