Филмска стилизација на новиот бран

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Кога стануза збор за кинеската кинематографија, неизбежно е да се спомне режисерското име на Вонг Кар -Ваи. Познат по футуристичка стилизација на кадри, прекршувањето на филмските правила и колоритноста во визуелизацијата, филмовите на Кар-Ваи се вкрстуваат во жанровската класификација на драма, акција и научна фантастика. Добриот филм не познава рамки, а тоа како режисерот  Стенли Кјубрик го докажа и Вонг на едена сосема поинаква естетска подлога, препознатлива за новиот бран филмаџии.