Италијанската влада конфискуваше Ferrari 458 Spider кое припаѓаше на еден член на организирана криминална група во таа земја, а возилото потоа го отстапи на полицијата во Милано.

Овој оригинално бел Ferrari доби ознаки на полицијата и дополнителна сигнализација, додека во кабината е инталирано полициско радио.
Иако има перформанси за бркање на оние кои ќе го прекршат законот, сепак полициското Ferrari ќе служи за едукација на децата со јасна порака дека злосторството не се исплаќа.
Мафијашкото Ferrari 458 Spider нема долго да одстане во сопственост на полицијата, туку ќе биде продадено на аукција, а парите ќе се употребат за жртвите на организиран криминал.
Моделот 458 Spider го движи 4.5 литарски V8 мотор со 570 кс, кој има F1 менувач со двоен кумплуг. Од 0 до 100 км/ч забрзува за помалку од 3,4 секунди и постигнува максимална брзина од320 км/ч.