Стигнуваат реакции од светот за историскиот самит во Сингапур каде разговараа американскиот претседател и севернокорејскиот лидер. Кина предлага укинување на санкциите.

Кина му предложи на Советот за безбедност на Обединетите нации да ја разгледа можноста за суспензија на санкциите за Северна Кореа, доколку Пјонгјанг постапи во согласност со резолуциите на ОН и напредува во дипломатските преговори.
портпаролот на кинеското Министерствто за надворешни работи Генг Шуанг рече дека Кина ги поздравува и ги поддржува разгвоорите на севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун и претседателот на САД Доналд трамп за да се постигне консензус за денуклеаризација и да се формира мировен механизам.
Генг на новинарите во Пекинг им рече дека санкциите на Советот за безбедност против Северна Кореа може да бидат суспедирани или укинати во согласност со акцијата на пјонгјанг, пренесе АП.
„Санкциите не се крај. Веруваме дека СОветот за безбедност треба да направи напори да ги поддржи дипломатските напори во овој момнет“, рече Генг.
Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини рече дека состанокот на претседателот на САД и Северна Кореа го потврдило силното европско убедување дека дипломатијата е единствениот пат кон мир на Корејскиот полуостров. „Дипломатскиот пат е често пол со предизвици, но секогаш се исплати“, порача Могерини.
Во нејзиното соопштение оцени дека состанокот во Сингапур бил пресуден и неопходен чекор за да се продолжи по патот на позитивен развој на настаните постигнат до сега во рамки на меѓукорејските односи и на самоиот полуостров, на што Могерини се заблагодари на претседателот на Јужна Кореа, Мун Џае ин.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае ин го посдрави договорот САД-Северна Кореа од Сингапур како историски настан со кој заврши Студената војна. Мин им оддаде птизнание на Ким Јонг ун и на Доналд Трамп поради храброста и одлучноста, наведувајчи дека со таа спогодба двете Кореи ќе свртат страница од тешкото минато создадено од војната и конфронтизмот.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го посдрави состанокот на американскиот и севернокорејскиот претседател. „Самиот факт за состанок на двајцата лидери е позитивна… Ги следиме коментарите на двете страни, но се уште не сме го виделе документот, ќе видиме“, рече Лавров, пренесе Ројтерс.