
Фудбалерите на аргентинската репрезентација страдаат сериозно од недостатокот на секс пред Светското првенство во Русија. Пред неколку дена селекторот Хорхе Сампаоли беше обвинет дека побарал секс од готвачка во хотелот, а сега стана јасно и дека познатата танчерка и модел, Росио Роблес била „нападнат“ онлајн од не еден, не двајца, туку цели осум играчи на „гаучосите“. Сите тие побарале да ја видат барем за една ноќ пред да заминат за Мундијалот.
„Ми пишаа во „Инстаграм“ осум фудбалери кои сега се во националниот тим. Имаше секакви – голман, дефанзивции, од средниот ред, напаѓачи … Не ми се допаѓаат слични работи“, прокоментира убавицата која ги одбила сите заинтересирани.