Изложба на Адем Кастрати во НГМ

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

 Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 19 јуни 2018 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори ретроспективна изложба на Адем Кастрати.

 

Адем Кастрати е еден од најзначајните албански сликари кој со своите дела остави траен белег за едно минато време, кое што никогаш нема да се повтори. Воедно го отвори патот на новите генерации уметници кои преку неговите дела ќе можат да ја запознаат, учат и продолжат традицијата на народите на нашите простори.

Темите кои ги обработува во своите дела се најчесто врзани за обичниот човек. Огромно внимание ќе и посвети на мајката, која ќе ја претстави како главен стожер во домот. Мајката, жената е таа која му дава смисол на животот, бара, но и дава нежност, љубов, добрина. Мажите се секогаш сериозни, кога работат, седат, се движат. Тоа е нивната традиција. Богатиот фолклор несомнено е застапен во неговото творештво, со што засекогаш ќе остане забележан во неговите дела, што уште повеќе се нагласува со неговата специфична, несекојдневна и единствена сликарска техника со многубојната земја.

Починал во Скопје, во 2000 година.

 

Адем Кастрати имал повеќе самостојни изложби во Скопје, Урошевац, Приштина, Белград, Тирана, Гњилане, Париз, Женева, Минхен и др. Учествувал и на повеќе групни изложби: Љубљана, Загреб, Дубровник, Ниш, Палермо, Тирана, Париз, Архис (Данска) и др.