Во грчкиот парламент денеска се прозборе за првпат на македонски дијалект

од desk4
132 прегледи

Пратеникот Јоргос Урзидис од Сириза кој има потекло од северна Грција, денеска во грчкиот Парламент даде поддршка за договорот со Македонија.

Тој за време на неговиот говор од говорницата се обрати на македонски јазик, односно на костурски дијалект, а потоа пораката за пријателство ја преведе и на грчки.

Урсузидис изјави дека е време да се остави позади тоа што не разделува и да гледаме напред.

– Пријатели од Република Северна Македонија, како што се разбравме, време е да го оставиме назад сето она што не разделува и да го видиме напред тоа што е зваемно пријателство, сестринството и љубовта – рече Узурдис на македонски јазик.

Неговиот говор беше поздравен со аплауз од дел од пратениците.