Протестите пред Собранието во Скопје против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција продолжија и денеска. Демонстрантите во далеку помал број, бараат оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Улицата е блокирана со различни реквизити и десетици постари луѓе со знамињата на сонцето од Вергина.
.
Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Грција во Псарадес. Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а ќе присуствуаат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. По церемонијата делагициите од Македонија и од Грција ќе имаат средба и заеднички ручек во Отешево.