(ВИДЕО) Погледнете ја Нивици, местото каде што биде ќе потпишувањето на договорот за името со Грција

од Vladimir Zorba
362 прегледи


Денеска, со почеток во 9.40 по македонско или 10.40 часот по грчко време во преспанското село Нивици или Псаридис, (на грчки), ќе  биде потпишан договорот меќу Атина и Скопје за конечно решение на повеќе деценискиот спор за името.

 

На церемонијата на Преспанското Езеро лоцирано на границата помеѓу Македонија, Грција и Албанија, на грчка територија , денеска треба  да се потпише договорот, кој стави крај на 27-годишниот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија. Според  договореното  новото име на земјата ќе биде  Република Северна Македонија.

Овој договор ќе и овозможи на Република Македонија да започне преговори за членство во Европската унија и да стане полноправна членка на НАТО. Договорот ќе биде потпишан од страна на првите дипломати од двете земји.

Гостите на церемонијата ќе бидат и  премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. На церемонијата се очекува и присуство на високи претставници на меѓународната заедница – Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан најавен е e генералниот секретар или претставник на ОН, Антонио Гутиереш, медијаторот Метју Нимиц..

Погледнете го местото каде ќе биде потпишан договорот    на видеото на LifeEvents:

 

 

 

живо вклучивање

https://www.facebook.com/dw.macedonian/videos/1903895806322325/?notif_id=1529218374273889&notif_t=live_video