Имаме индициии дена се организираат за нереди во сабота – да се откажат од црните сценарија – полицијата ќе го штити народот и државата

од Vladimir Zorba
104 прегледи
– Секој еден кој ќе се обиде да удри полицаец или институција, полицијата мора да реагира и да интервенира. Комитите ги користат како средство во овие протести се до оној момент кога ќе почне постапка против нив.

Тие што ги искористиле не се јавуваат за да прашат каде се и што прават и дали се во полиција. Навивавчките групи сакаат да покажат сила пред полицијата на различни натпревари и слично,но лошо е што ова се случува на вакви протести, рече во „Уреднички брифинг“, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

 – Во сабота повторно се организираат и имаме индициии дека ќе се организираат за нереди. Јас во оваа емисија апелирам да се откажат од црни сценарија, затоа што државата нема да дозволи да биде вовлечена во вакви сценарија.

– Најавувам дека полицијата ќе ги штити граѓаните, самите себе и институциите. Тоа е клучната улога на полицијата.

– Нема никаква паралаела помеѓу Шарената револиција и овие протести. Идејата е сосема различна и начинот на организација, изјави во „Уреднички брифинг“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.