Лидерот на владејачката Социјалдемократска партија во Романија Ливиу Драгнеа е осуден на три и пол години затвор од страна на Врховниот суд за поттикнување злоупотреба на службената положба, информира “Ројтерс”.
Драгнеа, кој исто така е претседател на долниот дом на парламентот, е прогласен за виновен по обвиненијата дека принудил државна агенција да плаќа плати на две жени меѓу 2006 и 2013 година, иако тие биле вработени од неговата партија.
Драгнеу ја обжали пресудата. Тој ќе остане лидер на партијата и претседавач додека трае жалбениот процес.
Ливју Драгња беше ослободен од обвинение за друг случај на фалсификат.