Силно невреме ги зафати Хрватска и Србија

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Невреме пропратено со обилен дожд и ветер ја погоди Хрватска и ја намали температурата на воздухот за 10 степени Целзиусови.

Во Загреб утрово се измерени 14 степени, додека вчера во исто време температурата изнесуваше 24. Во Истра ветерот достигна брзина од 82 километри на час, во Пула 73, во Умаг 68 километри на час. Дожд засега нема само во јужниот дел на Хрватска, но според метеоролозите се очекува во текот на денот.

Додека во Србија од Републичкиот хидрометеоролошки завод издадее портокалово предупредување за поројни дождови, грмотевици и силен ветер во целата земја.

Портокаловиот метео-аларм означува опасни временски услови.

Во Белград од изутринава врне пороен дожд, проследен со грмотевици. Сообраќајот е отежнат, а некои улици се целосно под вода. Некои делови на Белград беа зафатени и од град.

Невремето причини штета на овошките и на патната инфраструктура во западниот дел на Србија. Поплавени се и голем број куќи во реонот на Пријепоље.

Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат опасни временски појави, кои можат да предизвикаат материјална штета и да претставуваат опасност за луѓето и животните. Локалните власти препорачуваат да се избегнува престој на отворено, доколку не е потребно.

 

Фотографија: Курир.рс

Фотографија: Телеграф.рс