Почина еден од најпознатите угостители и скопска легенда, Илија Саздов Жабарот.

Жабарот е познат и како хуманитарец и повеќекратен дарител на крв.
Тој беше и едл од старите скојани кои ги организираа скопските Бадникари, собираа дабови гранчиња и ги даруваа на на граќаните што прерасна во традиција ан Скопје.
Раскажувајќи за почетоците и стекнувањето на ,,титулата“, скопска легенда, Жабарот во една прилика за еден весник ја раскажа целата историја на култното место ,,Кај жабарот“, каде прво пред речиси еден век, работел неговиот дедо продавајќи лимонада.
Лимонадџилницата била посетувана од рекреативците на старата градска плажа, а тука доаѓале и познатите фудбалски легенди Шекуларац, Галиќ, Радивое Кораќ и други.
(Фото преземено од Лука Суша)