Симеон Коруноски со нова песна и видео спот

од desk2
267 прегледи

„Каде сме“ е насловот на новата песна на младиот пејач Симеон Коруноски. Песната е направена во соработка со композиторот и продуцентот Иле Спасев, кој покрај Симеон даде свој придонес во создавање на една одлична современа летна песна.

Песната е објавена заедно со видео запис, снимен на прекрасен приватен имот во Сопиште, а реализацијата на спотот е на „Креатив“, кој се грижи за развојот на кариерата на младиот пејач.
Композиторот Иле Спасев неодамна изјави дека „се радува што забележал млада, нова естрада во Македонија кои покрај прекрасните гласови бараат и модерна музика“. Токму Симеон доаѓа од една нова генерација пејачи, веќе познати на широката јавност во Македонија и пошироко. „Мислам дека ќе направат своевидна музичка револуција на македонската музичка сцена“ – вели Иле.

Симеон важи за миленик меѓу тинејџерките, а во изминатата сезона доби Гран при награда на Меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Бугарија и награда за најдобар дебитант на Охрид фест. Симеон беше финалист на Кастинг талент шоу и дел од кастот на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Неодамна ја објави песната “Don’t you know” во соработка со Кортекс.
Погледнете го спотот за песната „Каде сме“.