Членовите на популарниот бој бенд од 90-тите „Бекстрит бојс“ – Еј Џеј, Брајан, Хауи, Кевин и Ник, реагираат на видео од тинејџери кои реагираат на нивната музика од пред 20 години.

Хитовите на „Бекстрит бојс“ беа снимени и популарни во време кога овие тинејџери не биле ни родени, па членовите на бендот се изненадени од начинот на кој младата генерација реагира на нивната музика.